Новогодишен базар и претстави за деца на Плоштадот Македонија

Во рамки на новогодишната програма во главниот град до 31 декември граѓаните можат да го посетат новогодишниот базар на Плоштадот Македонија, а на Улицата на радоста се одржуваат детска претстава и новогодипна музичка парада со Дедо Мраз и кралиците.

Детската претстава „Дедо Мраз во пензија“ се одржува од 13:00 и 18:00 часот, додека Новогодишната музичка парада во 13:15 часот и во 18:15 часот.

Утре напладне на Плоштадот Македонија ќе пристигне Дедо Мраз, а потоа ќе следуваат изведба на детската претстава и новогодишната музичка парада.