Новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски мандатот го започна од црквата во Струмица

Новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски мандатот го започна од црквата Св. Петнаесет во Струмица.

Во црквата се поклони пред иконата Света Богородица брзопослушница која беше донесена минатата година од Света Гора.

-Денеска се наоѓаме пред црквата свети Петнаесет Тивериополски маченици. Се помоливме пред светата икона на Мајка Богородица Брзапослусничка. Побаравме мир и спокојство за самиот себе за самите нас за ѓраѓаните на Република Македонија. Луѓето во текот на нивниот животен пат носат многу одлуки, некогаш знаат да бидат и погрешни,најголемиот дел се исправни. Како луѓе и како христијани треба да научиме за простување да посочуваме на грешките и истите да ги разбираме а од оние кои што грешат да се научат поуките и истите да не се повторуваат. Како народ на оваа држава ни е потребно помирување, толеранција и разбирање за сите останати. Јас денеска одлучив да го почнам мандатот како Претседател од ВМРО-ДПМНЕ од оваа свето место и да се помолам пред иконата на Богородица Брзопослусничка и да побарам спокојство за сите граѓаните на Република Македонија, изјави новиот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.