Новинарите си избраа нов лидер: Младен Чадиковски го наследува Насер Селмани во ЗНМ

Младен Чадиковски од ТВ „24 вести“ е избран за нов престедател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Функцијата од Насер Селмани ја презема со 86 гласа „за“ наспроти 77. што ги доби неговиот противкандидат, Столе Наумов од „Канал 77“.

Во тек е пребројување на гласовите за членови во Управниот одбор, во Надзорниот одбор и во Советот на честа.