Нова демократија бара Ципрас веднаш да го извести парламентот за прашањето за името

За тајна дипломатија и дека ги држи граѓаните во мрак, ја обвинуваат грчката влада од опозициската партија Нова демократија и бараат Ципрас итно да го извести парламентот за последните случувања во разговорите за името.

– Владата продолжува со тајната дипломатија за скопското прашање на штета на националните интереси. Граѓаните ги држи во мрак. Нова демократија повторува дека господинот Ципрас не поседува политички легитимитет да ја обврзе земјата. Премиерот треба итно да го извести парламентот, бидејќи целосно ја носи одговорноста за неговиот избор, вели портпаролката на Нова демократија, Мариа Спираки.