Неонка предизвика пожар во Археолошкиот музеј на Македонија

Во Археолошкиот музеј на Македонија попладнево интервенираа противпожарни екипи поради опожарена неонка во подземна просторија на Музејот што предизвикала зачадување.

Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Ѕвонко Томевски изјави за МИА дека интервенирале со четири возила и 14 пожарникари, бргу го локализирале и целосно го ликвидирале пожарот.

Томевски рече дека не е причинета голема материјална штета.