Нема подолги задржувања на граничните премини

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно суви коловози , додека на планинските осојничави места се влажни. Околу Берово наместа има остатоци од снег по интервенцијата на дежурните екипи на АМСМ.
Од Автомотосојузот предупредуваат дека е намалена видливоста 20 од 30 метри поради магла, од кракот Маврово до Бунец.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.