Нема да поскапат билетите во ЈСП „Скопје“

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ нема да ги поскапи билетите за градски превоз, независно од порастот на цената на нафтените деривати.

– Пласираните информации во одредени медиуми дека поскапуваат билетите ги оценуваме како неосновани и паушални. Ниту сме побарале, ниту планираме да побараме корекција, односно зголемување на цената за користење на јавниот превоз, изјави за МИА директорот на ЈСП „Скопје“, Кристијан Чушков.

Фото: Б. Грданоски