Негативно мислење од Владата за Предлог законот за амнестија за „27 април“

Владата на денешната седница донесе негативно мислење за Предлог- закон за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 април 2017 година, што беше доставен од група пратеници во Собрание на Република Македонија.

На денешната седница Владата одобри Министерството за правда да го достави Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за судовите до Венецијанската комисија, од која се очекува да даде мислење за предложените измени и дополнувања.