Невреме во Хрватска исфрли на плажа кит долг пет метри (Фото/Видео)

Во хрватскиот град Оребиќ морето исфрли леш на голем морски цицач, за кој корисниците на социјалните мрежи тврдат дека станува збор за кит што морето го исфрлило по последното силно невреме што го зафати јужниот дел на Хрватска.

Корисниците на социјалните мрежи велат дека цицачот е долг околу пет метри и тежок повеќе од сто килограми, и дека трупот е во состојба на распаѓање, но засега не претставува опасност по животната средина.

Експерт за хрватскиот портал „Индекс“ вели дека најверојатно станува збор за некој вид клунест кит.