НДМ бара пратениците да патуваат со автобус

Народно движење за Македонија е загрижено поради  продолжувањето на пратеничките привилегии  и со најновиот буџет за 2018 годинал, нагласувајќи дека по ова се потврдува потребата од прифаќање на законодавната иницијатива на оваа партија од  2009 година за укинување на „ненародните функционерски привилегии“.

 „Потсетуваме дека функционерите, откако ќе им истече мандатот, или доколку бидат разрешени, добиваат апанажа уште 12 месеци, а иронијата да биде поголема, апанажа добиваат и разрешените поради нестручно и несовесно работење, а дури  и функционери осудени со правосилна пресуда, што е високо неморален чин.

Исто така, потсетуваме дека пратениците со поднесување на лажни патни сметки во собраниските служби добиваат годишно и по околу 25.000 евра надоместок на трошоци за користење автомобил во лична сопственост.

Оттука, ја реафирмираме нашата законодавна иницијатива од 2009 и го повикуваме собранискиот спикер под итно да го стави на дневен ред предлог-законот на НДМ за укинување на ненародните привилегии, а пратениците како и сите граѓани да користат автобуски, односно, градски и меѓуградски превоз до работното место.

НДМ изразува вчудоневиденост од фактот што пратениците не можат да постигнат домашно единство за прашања од највисок национален интерес, а секогаш се сложни кога станува збор за нивните привилегии на товар на народната каса.

Значи ова го прават народните избраници кои треба да му служат на народот. И ние очекуваме да проработи нивната свест. Па кој ќе се луксузира, тогаш врз грбот на граѓаните како даночни оврзници“, соопшти НДМ.