На пауза за кафе, сменето местото на претставник од МО во НАТО

Еден вработен во Министерството за одбрана кој мината недела бил на технички состанок во НАТО бил преместен на друго место на состанокот, додека траела паузата за кафе, откри денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Таа во интервју за МИА вели дека било интересно минатата недела кога еден колега, еден од вработените во Министерството за одбрана бил на технички состанок во НАТО и утрото работеле, на првата пауза излегле, се напиле кафе, а местото му било сменето, „сега сте веќе земја која што е поканета да присуствува, а не сте веќе само партнер“, му објасниле од НАТО на учесникот на состанокот.
Попладнево и утре Шекеринска треба да присуствуваат на Северноатлантскиот совет на НАТО, НАК, каде како што вели министерката називот ќе биде Северна Македонија.
„Според последните информации, стои нашиот статус, а тоа е дека сме поканета (инвајт). Јас се надевам, штом ќе стигне практично нашата нота,  која ќе биде упатена до сите земји и до организации, како НАТО, во тој случај ќе почне да се применува. Ние го применуваме, меѓутоа и тие ќе почнат да применуваат името Северна Македонија. Јас мислам можеби и веќе попладнево. Беше интересно минатата недела имавме еден колега, еден од вработените во Министерството за одбрана беше на технички состанок во НАТО и сабалјето работеле во првата пауза излегле се напиле кафе местото му било сменето, сега сте веќе земја која што е поканета да присуствува, а не сте веќе само партнер. Преку ноќ се менуваат работите и покажуваат колку е тенка понекогаш линијата помеѓу успех и неуспех, овојпат бевме на вистинската страна“, вели Шекеринска.