На „Богородица“ денеска ќе биде поставена табла со новото име

Царинската управа соопшти дека денес во 13:00 часот на граничниот премин „Богородица“ кај Гевгелија ќе изврши поставување на табла со новото уставно име на државата „Република Северна Македонија“.

Oд Владата синоќа беше соопштено дека  стапува во сила Договорот од Преспа и официјалното име на државата е Република Северна Македонија.