Најмногу снег на Шапка, најстудено во Паланка

Најмногу врнежи во изминатото деноноќие имало во Берово- 24 литри на метар квадратен, а најстудено утрово било во Крива Паланка минус девет степени. 

Снежната покривка во Берово е осум стантиметри, на Попова Шапка 16, Крива Паланка 13, Виница два и Струмица еден сантиметар.

Во текот на ноќта и во раните утрински часови облачноста од запад се зголеми, па во моментов преовладува облачно време. Дува слаб северен ветер.

Врнежи од снег претпладнево има во западните делови, а попладне особено во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе се интензивираат. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови од земјава, а до утре претпладне снежна покривка ќе се формира насекаде низ земјава, особено на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени.

Во Скопје претежно облачно, доцна попладне, а особено во текот на ноќта со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне околу 2 степена.

Облачно и студено со повремени врнежи од снег, ќе биде особено претпладне. Потоа следува период на претежно стабилно време со пониски утрински температури, додека дневните од петок ќе бидат во пораст.