Најдени телефони во келијата на Нинџа

За една недела откако се предаде Александар Василевски – Нинџа, обезбедувањето во затворот во Шутка му пронашле двапати телефон.

Нинџа е еден од главните обвинети за настаните во Собранието од 27 април минатата година.

Двата телефона се донесени и предадени на Основниот суд Скопје 1, кој што е надлежен за притворените 22-ца обвинети во овој случај.

Дознавме дека телефоните најдени кај Нинџа ќе се вештачат, бидејќи се претпоставува дека имал контакти со лица поврзани со организација на настаните на 27 април лани, а кои се надвор од обвинението. Ќе се истражува и како му се донесени во притвор мобилните телефони на притворениот.

Според обвинението, Нинџа го примил повикот од Виена во 14.30 часот на 27 април лани за да се почне со мобилизација на членството за насилен упад во Собранието.