Награда „Лидери на Медитеранот“ за Заев

Трансатлантскиот економски форум во Вашингтон му ја додели на македонскиот премиер Зоран Заев наградата „Лидери на Медитеранот“ – за особен придонес за поттикнувањето на трговијата и инвестициите.
Заев, според информациите, е единствениот висок функционер од регонот кој доби награда за лидерство, која во негово име ја прими вице-премиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, на завршната свеченост на Трансатлантскиот економски форум.
„Наградата за премиерот Заев е признание за неговата работа, но и за работата на Владата која ја предводи. Бидејќи добро го познавам и имам можност секојдневно да работам со него, тврдам дека оваа награда ќе оди во вистински раце“, изјави Анѓушев пред присутните.