Моторџија од Прилеп излетал од коловозот

Моторџија од Прилеп, со својот мотор излетал од коловозот и се здобил со повреди, соопшти МВР.
Имено, во понеделникот, во 11.50 часот на патот село Големо Радобил – Прилеп, Д.Д.(24) од село Големо Радобил, управувајќи мотоцикл „Хонда“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
Притоа се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.