Можен предвремен зимски распуст поради загадувањето

Гоемото загадување може да предизвика предвремен зимски распуст, навестуваат од  Министерството за образование и наука. Факултети.

– Ако се утврди потреба, ќе размислиме за предвремено почнување на зимскиот распуст. Сепак, секој прекин на наставата мора да биде надоместен. Така, доколку зимскиот распуст почне порано, неработните денови би морале да се одработат и учебната година би завршила подоцна од 10 јуни.  – велат од МОН.

Во меѓувреме излезе нова публикација за заштитата на животната средина и повторени негативни рекорди во нашата земја. Според намената на инвестициите и трошоците за заштита на животната средина лани  само 1,7 отсто од нив се одвоиле за заштитата на воздухот. Најголемо е учеството на трошоците за постапување со отпадот (72 отсто), а по него следуваат трошоците за циркулацискиот систем за снабдување со вода (11,7 отсто). Овие поразителни резултати се изнесени во  „Статистика на животната средина, 2017“,  објавена од Државниот завод за статистика.

Статистичарите пресметале дека вкупната годишна емисија на загадувачки супстанции во воздухот постепено опаѓала во периодот од 2010 до 2015 година. И покрај надолниот тренд на загадувањето на воздухот, главен проблем остануваат согорувачките процеси како главен извор за емисија на загадувачки супстанци. Затоплувањето на домаќинствата и останатите согорувачки процеси учествуваат со околу 77 отсто од емисиите на загадувачки супстанци во воздухот. Транспортот учествува со околу 14 отсто, додека производствените процеси имаат удел во загадувањето со околу 6,5 отсто.

Граѓаните жестоко реагираа на загадувањето и за денес напладне е закажан протест пред Владата, за да се подигне еколошката свест.Мерките кои досега се преземени не даваат резултата.

Вчера од Владата донесоа ургентен сет мерки против загадувањето. Имено прагот на алармирање за висока аерозагаденост e спуштен.Согласно оваа Уредба доколку среднодневната концентрација на ПМ 10 честичките е над прагот во текот на два, наместо досегашните 5 дена, е над 200 милиграми нa метар кубен, и доколку праговите се измерени на најмалку две мерни станици во градот Скопје, односно на 50 отсто од бројот на поставени станици во било кое населено место, стапуваат на сила меркиве: – бремените жени, лицата над 60 години и хронично болните од астма и прележан инфаркт ќе бидат ослободени од работа.