Могерини ќе ги собере балканските премиери на средба во Брисел

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини планира состанок со премиерите на шесте држави од Западен Балкан до крајот на годината, јави Танјуг, повикувајќи се на допломатски извори во Брисел.

Средбата веројатно би се одржала на 18 декември во Брисел во форма на работна вечера.

Според истите извори, Брисел се уште работи на организација на средбата, утврдување на датумот и добивање потврда за учество на сите шест премиери.

Последната средба на премиерите од шесте земји од Западен Балкан се одржа на 24 мај во Брисел, исто така на иницијатива на Могерини.