Мобилните оператори ќе немаат обврска да овозможат прислушкување

Телеком и ОНЕ.ВИП ќе немаат обврска да и овозможат на тајната полиција технички услови да прислушува преку нивните мрежи. Измените во нацрт законот за електронски комуникации предвидуваат бришење на спорниот член 175 кој на операторите им наложуваше опремата за прислушување да ја набавуваат на свој трошок, комуникациите да ги следат во реално време, а разговорот да биде на располагање на УБК веднаш по завршувањето на комуникацијата.

Откако јавноста ќе изврши увид во измените на законот, нацртот најверојатно кон средината на декември ќе се најде на владина седница. Се очекува измените да стапат на сила по Нова година. Безбедносните експерти сметаат дека со бришењето на член 175 од законот за електронски комуникции, се откочил процесот на реформа во разузнавачките служби.

Практично само мобилните оператори ќе имаат можноста да управуваат со сигналот, односно да одобруваат некој да прислушува со донесена судска наредба.