МНР: Нема барања за помош од македонски државјани по пожарите во околината на Атина

Заклучно со 15:00 часот, македонски државјани не се обратиле за помош во нашата Канцеларија за врски во Атина, соопштија денеска од македонското МНР.

Наведуваат дека во моментов немаат официјални информации од грчките институции за жртвите и повредените во катастрофалните пожари.

Од МНР препорачуваат државјаните на Република Македонија да избегнуваат патувања во регионите зафатени од пожарите. Контакт телефонот на Канцеларијата за врски во Атина е 0030 694 474 3071.