Мијалков го чека Мицкоски, па ќе види дали ќе тужи

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков кој беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ, денеска се појави во суд на рочиште за случајот „Титаник 2“, за изборните нерегуларности. Мијалков не беше расположен за изјави и рече дека е дојден тука на судење и дека изјава би дал можеби во друга прилика. На новинарско прашање дали ќе му поднесе тужба, како што најави на потпретседателот Александар Николоски, Мијалков одговори: „ќе го почекам претседателот со став”, мислејќи на партискиот лидер Христијан Мицкоски. Тој не сакаше да го коментира ниту писмото што го прати до Мицкоски во кој го обвини за лажен патриотизам и негираше дека уценувал и поткупувал пратеници за да гласаат за уставните измени во Собранието. Токму за овие обвинувања тој најави тужба партискиот потпретседател. Мицкоски не излезе со став за писмото на Мијалков.