Мијалков гледаше како апселе „неговите“

Ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков денеска беше спроведен од затворот „Скопје“ во Кривичниот суд за да присуствува на новото рочиште од случајот „Тортура“. Се прикажуваа снимки од неколку телевизии, кои во тоа време известуваа за апсењето на Љубе Бошкоски, а адвокатите барале вестите да бидат гледани во целост. На една од нив има и прилог за условите во затворите „Идризово“ и „Шутка“. Интересно, во дел од нив се појавува и тогашниот премиер Никола Груевски – братучедот на Мијалков, кој дента на 6 јуни 2011 година отвора базен во Карпош.

Во случајот „Тортура“ Мијалков е обвинет за нечовечно апсење на Бошкоски. Обвинети се уште шест лица поради поради основано сомнение дека сториле кривично дело мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување при апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи.