Мигранти ќе протестираат на македонско – грчката граница

Десетици баратели на азил се собраа во северниот грчки град Солун, по повикот објавен на социјалните мрежи за протест поради неможноста да заминат кон некоја од европските држави.

Околу 80 луѓе, главно од Ирак и Сирија, меѓу кои и семејства со деца, се собраа денес на плоштадот во Солун пред закажаниот марш до границата. Некои ноќеска пристигнаа од бегалските кампови во Атина и од други места, јавија грчките медиуми.

Десетици илјади бегалци и мигранти во моментов се заглавени во Грција, откако земјите мината година ги затворија копнените граници на балканската рута.