Метју Палмер на 22 октомври во Македонија

Заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер, в понеделник на 22 октомври ќе престојува во посета на Македонија за да разговара за американската поддршка на договорот од Преспа и за важноста на македoнската реформска агенда, соопшти амбасадата на САД во Скопје.

Палмер ќе се сретне со владини и политички претставници, меѓу кои и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.