МВР: ВМРО-ДПМНЕ до петок ќе блокира гранични премини

ВМРО-ДПМНЕ најави дека секој ден ќе одржува јавен собир со блокада на граничните премини, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР добило известување во кое партијата информира за редоследот, по кој ќе се одржуваат блокадите.

ВМРО-ДПМНЕ денеска од 16 до 18 часот ќе го блокира ГП „Богородица“.

За утре од 17 до 18 е најавена блокада на ГП „Ќафасан“.

Задутре партијата од 17 до 18 часот ќе го блокира ГП „Деве Баир“, а на 24 декември од 16 до 18 ГП „Богородица“.