Маратонци трчаа за поддршка на болните од пулмонална хипертензија

Низ целта во Гевгелија попладнево минаа триесетината маратонци предводени од Николчо Ѓоргиев кои од Струмица до Гевгелија трчаа за подршка на болните од пулмонална хипертензија со цел да ја подигнат свеста кај сите за подршка и обезбедување услови за поквалитетен живот на болните од оваа неизлечива прогресивна болест.

-Оваа хуманитарна трка е голема работа за нас болните од пулмонална хипертензија не само во Македонија туку и во целиот свет.Многу ни значи ваквата подршка бидејќи оние кои денеска трчаа од Струмица до Гевгелија трчаа во наше име затоа што ние со оваа болест не само што не можеме да трчаме туку не можеме лесно ни да пешачиме,рече Ѓургица Ќаева,претседател на Асоцијацијата за пулмонална хипертензија „Момент плус“ од Гевгелија.

Маратонците беа пречекани од многу граѓани и од градоначалникот Сашо Поцков кој со неговиот колега од општина Струмица, Коста Јаневски, беа покровители на хуманитарната трка.

-Резултатот денес не беше важен.Пресреќен сум што над триесетина маратонци истрчаа оваа недела за Ѓургица и сите болни од пулмоналана хипертензија и што го исполнив ветувањето што летово и го дадов на Ѓургица дека ќе дојдам и ќе го организирам маратонот, рече предводникот Николчо Ѓоргиев кој живее и работи во Швајцарија