(ВИДЕО) Македонските туристи скијале по необележани патеки во Банско

Директорот на Планинската служба за спасување при бугарскиот Црвен крст, Емил Нешев, во изјава за бугарското радио „Фокус“ вели дека однесувањето на македонските скијачи било многу неодговорно.

Тој коментирајќи ја вчерашната спасувачка акција, во која петмина македонски скијачи беа извлечени од бездна во која паднале на планината Пирин бидејќи скијале по необележани патеки.

Нешев не сакаше да зборува за финансиските импликации на оваа акција, но истакна дека ваквото однесување предизвикувало ризик и за туристите и за спасувачите и за доброволците.