Македонските партии се европски „џинови“ – според бројот на членови

Најголемите европски партии заостануваат далеку зад партиите во Македонија во однос на бројот на членови. Во нашата земја, вкупно 13 отсто од жителите членуваат во една од трите најголеми партии: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ или ДУИ, додека членството во највлијателните европски партии не епоголемо од 2 отсто од популацијата – според Компаративната студија за изборните недостатоци во Македонија и искуствата во регионот на невладината организација Центар за граѓански мониторинг.

Најмногу членови – околу 170 илјади има ВМРО-ДПМНЕ, како што соопштиле од партијата. Тоа се дури 8 отсто од вкупниот број членство во трите најголеми партии. СДСМ,според официјални проценки, има околу 70 илјади, а ДУИ двојно помалку – 35 илјади.

За споредба, во Велика Британија, која има околу 66 милиони жители, најбројната Лабуристичка партија имаше годинава 517 илјади членови, што не е ниту еден отсто во однос на целата популација. Трите водечки политички партии во Британија – Лабуристичката, Конзервативната и Либерал-демократската, како што се наведува во студијата, имаат вкупно членство не поголемо од 1,6 отсто од избирачкото тело.
Анализата содрѓи и податоци за донациите и санкциите за време на изборните кампањи во земјава и во регионот, за искуствата со изборни измами и нерегуларности, за изборните системи…

Презентацијата на целата компаративна студија, овозможена со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас, е закажана за утре.