Македонската амбасада во Австралија меѓу рекордерите во неплатени казни за паркинг

Австралиската влада објави листа на амбасади кои имаат неплатени казни за паркинг и Македонија исто така високо котира на неа, објави „Канбера тајмс“, а пренесува порталот СДК.

Амбасадата на Македонија во Канбера се наоѓа на 11. место на оваа листа. На нејзини вработени им се изречени 15 казни, кои вкупно изнесуваат 2.144 долари.

Листата ја предводи руската амбасада, која има 173 казни за паркинг, за што должи 22.761 австралиски долар.

Над 10.000 долари должи и амбасадата на Египет. Таа го држи второто место на таканаречената листа на срамот, со 107 прекршоци во висина од 12.609 долари. Потоа следуваат Словачка (6.796 долари), Гана (4.724), Јордан (3.968) и Романија (3.774).

Севкупно гледано, странските дипломати должеле повеќе од 135.000 долари за вакви прекршоци.