Македонка се вработи во Хрватска и доби, стан, плата и бонус од 6 илјади евра

Хрватскиот остров Хвар имаше проблеми да најде лекар, но конечно некој с епријави на нивниот оглас кој беше отворен уште од летото.

Од понеделникот таму работи млада Македонка која се јавила на конкурсот, на кој досега никој не се јавуваше, без оглед на тоа што освен плата и сместување се нудеше и годишен бонус од 6 700 евра, потврди во понеделникот вечер директорот на Здравствениот центар на Сплитско-далматинската жупанија, Драгомир Петриц.

Како што рече директорот Петриц, локалната самоуправа сфатила дека веќе не е доволно да се обезбеди сместување на лекарот, па градоначалникот понуди дополнителен надоместок, што даде плод. Новата лекарка одработила дел од стажот кај нас, во Македонија, а во Хрватска требаше да полага шест дополнителни испити, кои ги положи, што е задолжително за да ѝ се признае странската диплома.

„Првпат во историјата на нашиот Здравствен дом доаѓа да работи некој кој не е од Хрватска. Колешката ги исполни сите услови на конкурсот, таа ги положи сите испити, ги доби сите документи, и денес е нејзиниот прв работен ден”, рече директорот Петриц.