Македонија и официјално ја извести Грција за промената на името и Уставот

Македонија официјално ја информираше Грција дека го ратификувала Договорот од Преспа.

МНР, вечерва,соопшти дека денеска на шефот на Канцеларијата за врски на Грција во Македонија, му ја предала Вербална нота со која, согласно членот 20 став 3 од Конечната спогодба за решавање на разликите околу името ја  информира грчката страна дека во земјава се исполнети внатрешно правните услови за влегување во сила на  Договорот од Преспа  и дека Собранието на Македонија на 11 јануари ја усвоило одлиуката за менување на Уставот и за прогласување на уставниот закон за спроведувањена амандманите на Уставот.