Македонија гласаше за прием на Косово во Интерпол

Македонија гласала за прием на Косово во Интерпол, соопштија српските медиуми. Иако барањето на Приштина за членство во оваа светска полициска организација не помина ниту во првиот, ниту во вториот круг од гласањето, земјите од регионот речиси стопроцентно ја подржаа новата република.

„За прием гласаа Словенија, Хрватска, Македонија, Црна Гора и Бугарија, додека против беа единствено Романија и Босна и Херцеговина“, пишуваат белградските весници.

Во вториот круг, за приемот гласаа 51 држави, против беа 68, а воздржани 16. Ова е четврти неуспешен обид на Косово да стане дел од Интерпол.