Магливо и студено време

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб северен, а во југоисточните делови умерен северозападен ветер. По котлините во поголем дел од денот ќе се задржи магливо и студено време, а само попладне се можни кратки сончеви периоди, соопшти УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.

Во Скопје, претпладне магливо и студено, попладне умерено облачно со слаба магла.

Најмногу снег има на Попова Шапка каде е формирана нежна покрива од 19 сантиметри.

Утре кон крајот на денот се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта и во вторник претпладне, а поради спуштање на студена маса од север, ќе преминат во снег и на некои пониски места, особено во северните делови.

Во вторник ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе услови значително опаѓање на дневната температура. Потоа во наредните денови ќе биде стабилно со ниски утрински температури.