Лажен профил на Инстаграм на специјалната обвинителка Фатиме Фетаи

Засега непознато лице создало лажен Инстаграм профил на обвинителката во Специјалното јавно обвинителство Фатиме Фетаи, информираат за МИА од ова обвинителство.
Веднаш по откривањето на лажниот профил случајот е пријавен до наделжните органи во Министерството за внатрешни работи.
„Станува збор за класична злоупотреба на идентитетот на обвинителката Фетаи, при што овој лажен профил е искористен во јавноста да се пласираат ставови за актуелни настани со цел да им се наштети на угледот на обвинителката и на самото Специјално јавно обвинителство“, наведуваат од СЈО.