Крсто Мукоски си отиде дома

По цел ден поминат во судот пратеникот од ВМРО ДПМНЕ си замина дома. При излегувањето тој воопшто не сакаше да даде било каква изјава поврзана со неговата улога во крвавиот четврток ниту да посочи како поминал пред судија за претходна постапка.

Крсто Мукоски е еден од 6-мината пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за кои е побарана мерка притвор. Барањето е испратено до Собранието кое треба да одлучи дали ќе го прифати предлогот на судот за да му го симне пратеничкиот имунитет.

Мукоски заедно со Сашо Василевски на 27-ми април ја отворија собраниската врата по што влегоа демонстрантите внатре и ги нападнаа пратениците на новото владеачко мнозинство.