(Фото) Кристијан Ниневски го фати светиот крст во водите на реката Вардар

Дваесет и петгодишниот Кристијан Ниневски од Скопје го фати светиот крст што архиепископот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан го  фрли во водите на реката Вардар во Скопје.

Ниневски рече дека првпат успел да го фати крстот, иако веќе шест години учествува на традиционалната манифестација што во Скопје се организира по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици.

– Здравје и среќа за сите, Бог се јави, им посака на граѓаните Ниневски.

Инкау во Скопје беа пријавени  близу 140 граѓани за фаќањето на крстот. Оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година.

Борис Грданоски-фоторепортер