Кривичниот суд бара одземање на имунитетот на шестмина пратени

Кривичниот суд до Собранието на Република Македонија испратил барања за одземање на имунитет за шестмина пратеници, на ВМРО-ДПМНЕ.

Според информации од Собранието, барањата се пристигнати во Собранието, но се чека на претседателот на Парламентот Талат Џафери да се врати од патувањето во Шведска за тие да бидат отворени.

Се очекува, како што е пропишано овие барања Џафери да ги достави до претседателот на Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања Павле Богоевски, кој треба да закаже седница на која треба да се одлучува по нив. Богоевски најави дека седница ќе закаже веднаш штом го добие известувањето од претседателот на Парламент. Најверојатно седницата на Комисијата ќе се одржи во текот на утрешниот ден.

Неколку пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со уште дваесетина лица, беа приведени денеска, од вкупно 36 лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија