Кривичен совет ќе одлучува и за притворот на Мукоски

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 треба да донесе одлука и по жалбата за притворот на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски кој е првообвинет за упадот во Собранието.

За жалбата што ја поднел Мукоски свое мислење сега треба да даде Обвинителството за организиран криминал и корупција, па после тоа одлука да донесе кривичниот совет. Според првичните информации одлука нема да има во текот на денот. Во Апелација утре треба да се одржат јавни седници и по жалби на други обвинети за 27 април.

Кривичниот совет вчера му го укина куќниот притвор на пратеникот Сашо Василевски, а Апелацискиот суд му го укина куќниот притвор на Љубен Арнаудов. Во куќен притвор остана само Мукоски.

Одлуките доаѓаат по повикот за помирување за настаните за 27 април што го испрати во понеделникот премиерот Зоран Заев.(Ф.Ф.С.)