Костадинов се надева на поддршка и од други пратеници од опозицијата

Пратеникот од владејачкиот СДСМ, Костадин Костадинов, денеска даде изјава за новинарите пред Собранието на Република Македонија. Тој уште еднаш искажа дека вчерашниот ден бил историски за нашата земја и дека патот кон ЕУ и НАТО е сега отворен, а во исто време напомена дека пратениците го направиле по сопствено убедување, и покрај тоа што од ВМРО ДПМНЕ го тврдеа спротивното.

„Собранието синоќа донесе историска одлука, Македонија избра светла иднина место изолација. Патот кон НАТО и ЕУ е отворен,а најголема заслуга имаат граѓаните, но и 80-те пратеници кои слободни и по сопствено убедување гласаа за ЕУ и НАТО. Историјата долго ќе го памети изборот кои пратениците го направија вчера. Ова одлука ја одредува иднината на нашата земја.

„Создадени се услови за уште поголема поддршка за имплементирање на договорот од Преспа. Сега Македонија е подготвена за европска иднина“, рече Костадинов.

Тој на новинарско прашање дали очекува поддршка од другите пратеници од опозицијата, додаде: „Јас сум голем оптимист, и после она надминување над личните и натпартиски интереси, верувам дека како ќе се движи процесот напред, поддршката ќе се зголемува“, рече Костадинов.