Кај Калишта и Радожда најмногу се краде риба

Државниот инспекторат за земјоделството(ДИЗ) во вонреден инспекциски надзор ги потврди сознанијата дека се врши масовно рибокрадење во водите на Охридско Езеро, а посебно во с.Калишта, с.Радожда, с.Пештани. Инспекторите
одземаа вкупно 73 рибарски мрежи и 370 парчиња белвица, поради прекршување на Законот за Државен инспекторат и на Законот за рибарство и аквакултура.
Во вторникот, во водите на Охридското Езеро кај с.Калишта во различити правци од риболовната вода биле затекнати 13 физички лица распоредени во 7 кајчиња, кои што се движеле и поседувале недозволен риболовен алат (висечи, летечи-лебдечки) мрежи. Од страна на надлежните лица е извршено пребарување, при што од водите на Охридско Езеро се извадени  вкупно 73 рибарски мрежи со димензии на окца од 26 мм (вкупно 40 парчиња) и 24 мм  (вкупно 33 парчиња) со поединечна должина на мрежа од 50 метри или во вкупна должина од 3650 метри. Исто така од водите беа извадени 370 парчиња на охридска белвица во количина од 33 килограми.
За акцијата е изготвен записник и заедно со целокупниот риболовен алат и риби се предадени на ДИЗ. Наведеното дело (движење и задржување во риболовна вода со носење – поседување на недозволени риболовни средства визечи, летечи – лебдечи мрежи е дело спротивно на член 93, став 1, казниво дело по член 112, став 1, точка 17 од Законот за рибарство и аквакултура.
По комплетирање на Предметот од страна на ДИЗ ќе  бидат изготвени 13 Записници со констатирани прекршоци и на секое лице ќе му биде издаден по еден прекршочен платен налог во висина од 500 евра.
За настанот дополнително од страна на ДИЗ ќе биде известено ОЈО Струга имајќи предвид дека лицата пред да бидат констатирани како се движат и задржуваат во риболовната вода со носење – поседување на недозволен риболовен алат – висечи, летечи – лебдечки мрежи истите вршеле и незаконит риболов што е спротивно на член 229 од К.З на Р.М.
Заради сузбивање на ваквите појави и во следниот период ќе се спроведуваат засилини и нтензивни контроли од страна наинспекорските служби на ДИЗ.