Поради дефект повеќе улици во Карпош немаат вода


Фото: Б. Грданоски

 Поради дефект на вентил на улицата „Анкарска“ 11, денеска од 10:15 часот ќе има прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците во општина Карпош.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, без вода ќе останат жителите на улиците „Анкарска“, „Римска“, „Наум Евро“ и „Панче Пешов“, како и делови од улиците „Дрезденска“, „Њуделхиска“, „Атинска“ и „Бахар Мојс“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности за санација на дефектот.