Католички Божик – 25 декември неработен ден

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно Законот за празниците на РМ, 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Божик.