Касами до Заев: Барај си други за гласање

Билал Касами се закани дека неговата Беса нема да гласа за уставните измени во Собранието доколку не бидат прифатени нивните барања (заедно со Алијансата на Албанците) во амандманите од Договорот за Преспа да се избрише зборот „македонски“ во графата за државјанство и да пишува само граѓани на Северна Македонија.

„Заев ако нема слух за нашите барања, а до сега немаше, да си размислува да си најде уште гласови за уставните измени“ рече Касами.

Одлуката дали нивните пратеници ќе ги поддржат уставните измени ќе ја донесе централното претседателство на Беса. Беса има двајца пратеници во Собранието. Исто толкав број пратеници има и партијата на Зијадин Села.

За изјавата на Алу Ахмети пак дека во политичкиот блок на Алабанците има место само за две партии, Касами вели дека Ахмети има право – бидејќи ДУИ тука не е во комбинација.