Канческа – Милевска дојде во суд – негира дека гласала за да се спаси

Поранешната министерка за култура, а сега пратеничка која ја предводи пратеничката група на осумтемина независни пратеници кои гласаа за промена на името и уставните измени, тврди дека не го дала својот глас за да се спаси од обвинението за случајот „Тендери“ кој го води Специјалното јавно обвинителство.

Таа по рочиштето рече дека стои зад одлуката да гласа во Собранието, и ги отфрли сите гласини дека со давањето на поддршка за уставните измени ќе дојде до промена на Кривичниот законик преку кои таа би се спасила од обвинение.

„Не би прифатила никаква , не би си дозволила никој да ме уцени ниту пак јас да уценам некого во однос на нешто што го сметам највисок државен интерес. Секој што ме познава многу добро знае дека одлуки носам врз основа на сериозна анализа на состојбите, поготово во моментов една сериозна анализа за она што и е непходно на државата да продолжи напред и да се вклучиме во нешто што има национален консензус во нашата држава, а тоа е интеграцијата во НАТО и ЕУ. Затоа велам, уште еднаш ќе потенцирам не сум била уценета ниту пак ќе дозволам да бидам уценета за било што да ми се реши или да се стави во прашање за оваа моја одлука“, изјави Канческа Милевска.

Поранешната министерска вели дека својата невиност за случајот кој го води СЈО ќе ја докажува по судски пат. Сепак ако пратениците предложат измени на Кривичниот законик во членот 353 поранешната министерка ќе биде ослободена од обвинение.