Камчев од Шутка си заминува дома

Најбогатиот Македонец  Орце Камчев од затворот во Шутка си заминува дома откако Апелацискиот суд му го укина притворот и му одреди куќен притвор. Судот му ја замени мерката притвор со куќен притвор и на директорт на Пелагонија, Цветан Панделевски. Одлуките беа донесени во затворена седница, откако одбраната на осомничените го повлече предлогот за одржување на јавна седница.

Камчев и Панделевски се осомничени во случајот „Империја“, последен случај што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Камчев даде гаранција од над 14 милиони евра за да излезе од притвор.

Одлука се уште нема за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков кој даде гаранција од 1 милион евра. Неговито предмет е се уште во СЈО и најверојатно денеска нема да има одлука за него. СЈО даде предлози од притвор да бидат пуштени и поранешните функционери Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.