Камчев нуди 14 милиони евра да излезе од Шутка

Бизнисменот Орце Камчев нуди имот од 14 милиони евра и гарантира дека нема да бега, јавува Телма.  Извори на телевизијата велат дека станува збор за недвижен имот на Камчев и неговата фамилија. Дали Кривичен ќе ја прифати понудата ќе се знае следната недела. Предметот се уште не бил испратен во СЈО кое треба да даде мислење.

Минатата недела на Камчев му беше продолжен притвор за Империја за нови 30 дена. Имотот и врските со странство беа дел од причините поради кои судот му го продолжи престотој во Шутка и оцени дека има и опасност од бегство но и можност да влијае на сведоци. Неколку дена подоцна има нов предлог – заложен имот процененет на 14 милиони евра како билет за излез од Шутка. Ова е најголемата сума што до сега некој ја понудил како гаранција во судот, барем според тоа што е објавено во јавноста.

Судот треба да се произнесе и за ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков кој неделава исто така понуди гаранција. Три недвижни имоти процененти на 1 милион евра станбен и деловен простор.