Каменос: Се срамам што во Европа се нудат два милиони евра за гласање

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос синоќа на Твитер објави реакција во врска со гласањето на уставните измени во македонското Собрание.

– Кој би помислил дека во европскиот систем на вредности и демократија тие што не гласаат според наредбите се затворани, а послушните добиваат бонуси од два милиони евра црни пари. Засрамен сум, објави Каменос на Твитер.