Кавга во Грција околу решението за името со Македонија

Изјавата  на лидерот на партијата “Независни Грци” и министер за одбрана Панос Каменос дека нема да подржи решение за името што ќе го содржи зборот Македонија предизвика полемика помеѓу власта и опозицијата и ја зовре политичката ситуацијата во соседната земја.Кавгата меѓу владата и опозицијата околу Каменос и ставот што треба да го има грчката влада за името е една од главните теми на грчките медиуми.

Владата на премиерот Алексис Ципрас има тенко парламентарно мнозиство од само три пратеници. Партијата на Ципрас СИРИЗА, прифаќа сложено име кое го вклучува зборот Македонија, за разлика од Каменос, чии  девет пратеници  обезбедуват мнозинство на владата во грчкиот парламент.

Водачот на главната опозициска партија Нова Демократија (НД), Киријакос Мицотакис, го постави прашањето за парламентарното мнозинство во случај Панос Каменос да не го поддржи изборот на владата во решавање на прашањето за името.Тој рече дека “не може да има национален договор без конкретен предлог кој е договорен од страна на двата владини партнери. Ако  Ципрас и Каменос не се во можност да се договорат за големо прашање од национално значење, тие треба да поднесат оставка”. На тоа од кабинетот на Ципрас  одговорија дека е време Мицотакис да биде сериозен и да сфати дека некои национални прашања не можат да се третираат од гледна точка на дневна политика.

“Ако имате јасна позиција, би било добро да му ја објасните на грчкиот народ”, истакна тој.

НД одговори со потсетување дека  СИРИЗА и „Независни Грци“ се во владата, а не во опозиција.

“И како што претпоставуваме дека комуницираат едни со други, очекуваме конкретен и заеднички предлог за името на ПЈРМ. Сè додека  се заедно во владата, тие имаат одговорност да преговараат, а не опозициските партии”, реплицираше Нова демократија (С.Ј).