И Јован Никушевски поднесе оставка од претседател на УМС Карпош

Откако денеска оставка си поднесе претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржалоски и претседателот на градски комитет на УМС, Томи Кепевски, неотповиклива оставка од функцијата претседател на УМС Карпош поднесе и Јован Никушевски.

Кржаловски во неговата оставка наведе дека „младиот сегмент од популацијата смета дека во последниот период партијата е преокупирана со дневна политика, популизам и задоволување на интересите на мала група луѓе. А Кепевски рече дека во партијата има меѓусебни препукувања, фракции, безидејност.

„Не само што не нудиме алтернатива за граѓаните, туку и служиме за одвлекување на вниманието од вистинските проблеми“, рече Капевски.