Исцрпени средствата за субвенции за електротротинети во Скопје

Исцрпени се средствата предвидени за субвенции за купување електротротинети, информира Град Скопје.

Вкупно 109 барања пристигнале денеска до 15 часот до Град Скопје, со што условот за завршување на јавниот повик е исполнет, а барања на граѓаните за субвенции за електро тротинети вработените во архивата на Град Скопје нема да ги примаат.

Со јавниот повик за субвенции за купување електрични тротинети граѓаните на подрачјето на главниот град имаа можност да набават електротротинети, а Град Скопје да ги субвенционира во висина од 50 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 10.000 денари со вклучен персонален данок на доход.

Ова е една од мерки кои Град Скопје ги презема во насока на промоцијата на мобилностa и алтернативните начини на превоз.

Годинава беа доделени и 3.119 субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди